#STAYHOMEANDLEARN

ОНЛАЈН

Интензивен курс за Salesforce Developer

Датум: 15 октомври 2020 до 15 декември 2020

Искористи го својот потенцијал и научи како да го подобриш твоето програмерско знаење заедно со Salesforce и codeSTREETS.


Имаш 18-29 години?

Искористи го ваучерот од 30.000 денари и запознај се со светот на Salesforce технологоијата и нејзините придонеси. Сертифицирај се професионално со помош на codeSTREETS и започни ја твојата кариера веднаш!

powered by codeSTREETS Young Professional Program

#STAYHOMEANDLEARN

ОНЛАЈН

Интензивен курс за Salesforce Developer

Датум: 15 октомври 2020 до 15 декември 2020

Искористи го својот потенцијал и научи како да го подобриш твоето програмерско знаење заедно со Salesforce и codeSTREETS.

Имаш 18-29 години?

Искористи го ваучерот од 30.000 денари и запознај се со светот на Salesforce технологоијата и нејзините придонеси. Сертифицирај се професионално со помош на codeSTREETS и започни ја твојата кариера веднаш!

ПРОГРАМА

Станете Salesforce Developer за 8 недели!

Интензивниот Salesforce Developer курс е дел од програмата за млади професионалци организирана од codeSTREETS Скопје.

Курсот нуди 8-неделна обука која ќе се изведува во периодот од 15 октомври до 15 декември 2020 година. Курсот содржи комбинација од менторски и практичен дел каде што посетителите ќе ја имаат можноста да ги искористат и подобрат нивните програмерски вештини, ќе се запознаат со нов програмски јазик, манипулација на податоци, создавање на веб-апликации, и ќе бидат обучени да го полагаат Salesforce Platform Developer 1 сертификатот.

Курсот е лимитиран на 50 учесници, поделени во две групи со настава во два различни термини.

Тренинг курсот се состои од 16 блок сесии, 2 сесии неделно по група и една дополнителна сесија, фокусирана на подготовка за сертификацијата која ќе се спроведе на крајот на курсот.

Секоја тема ќе се презентира и разработува на следниот начин, преку:

    • Менторски дел
    • Практичен дел
    • Прашања
    • Домашна задача
    • Тестирање
    • Oнлајн консултации

Ќе се разработуваат следниве области, од кои се состојат активностите на Salesforce Platform Developer, и следствено на тоа областите од кои се полага за Salesforce Platform Developer сертификатот :

1. Salesforce основи

Запознавање со мулти-поддржувачки архитектури и околини, запознавање со рамки (frameworks), основи во исказни и програмски алатки.

2. Моделирање на податоци

Вовед во Salesforce податочна архитектура, проблеми, ограничувања и решенија при управување со Salesforce податоците. Создавање и управување на соодветен податочен модел.

3. Менаџмент на податоци

Прикачување, прочистување и менување на големи количини на податоци, менаџирање и маневрирање со големи количини на подотаци во системот. Означување и подготовка на податоци за екстерна употреба.

4. Автоматизација на процеси и логика: Основи на искази

Запознавање со основна исказна логика и процеси, користење на исказна логика и процеси заедно со Apex.

5. Автоматизација на процеси и логика: Вовед во ООП

Вовед и основи во објектно-ориентирано програмирање. Запознавање со класи, променливи, листи.

6. Автоматизација на процеси и логика: Запознавање со програмскиот јазик Apex

Запознавање со синтаксички елементи на Apex, Apex класи, control flow искази, функции, тригери.

7. Автоматизација на процеси и логика: Вовед во SOQL, SOSL и DML.

Запознавање со прашалници (queries), користење на queries при функции и тригери, користење на податочни пребарувачи (DML) и пребарувачи на ниво на цела платформа (SOSL).

8. Автоматизација на процеси и логика: Напредна автоматизација

Користење и интегрирање на Apex функции со други апликации за автоматизација на Salesforce (Flow, Process Builder, Workflow).

9. Автоматизација на процеси и логика: Импликации и можности на Apex

Лимити, импликации и можности на Apex функциите во Salesforce. Ред на извршување, повикување и автоматизација. Користење на исклучоци, каскадирање и рекурзија.

10. Автоматизација на процеси и логика: Безбедност и заштита со Apex

Заштита од SOQL Injection, XSS, Cross Site Request Forgery, манипулација со податоци и third-party интеграција.

11. Кориснички интерфејси: Вовед во Visualforce, запознавање со Lightning Web Components (LWC)

Вовед во Visualforce страни. Запознавање со Lightning Web компоненти (LWC)

12. Кориснички интерфејси: Напредна употреба на Visualforce и LWC

Создавање на Salesforce Lightning компонента користејќи Visualforce и LWC. Управување со безбедност на LWC, проблеми и решенија при користење на Visualforce и LWC.

13. Кориснички интерфејси: Visualforce, LWC и Apex апликации

Поврзување на Apex so Visualforce и LWC. Создавање на Salesforce апликација и автоматизација користејќи Apex, Visualforce и LWC.

14. Тестирање, дебагирање и деплојмент: Тестирање

Пишување, менување и употребување на тест код за тестирање класи, тригери, компоненти. Употреба на анонимен код, проблеми и решенија при користење на анонимен код.

15. Тестирање, дебагирање и деплојмент: Дебагирање

Пристапување кон дебагирање, следење на процеси. Употреба на алатки Salesforce DX, Salesforce CLI, Developer Console.

16. Тестирање, дебагирање и деплојмент: Деплојмент

Создавање и менаџирање на Salesforce пакети за деплојмент. Управување и решавање проблеми при деплојмент.

Листа на предавачи планирани да ја држат обуката:

   ●  Дарко Тодоровски, Ментор, Chairman of Salesforce Community in Macedonia

   ●  Моника Лазаревска, Ментор, Certified Salesforce Developer

Техничко технолошки услови за спроведување на обуката

   ●   Компјутер со стабилна интернет конекција

   ●   Основно искуство со Објектно-Ориентирано Програмирање. Основно познавање на HTML, CSS, JavaScript.

   ●   Не е потребно претходно познавање на Salesforce еко-системот

   ●   Сесиите ќе бидат извршувани преку Google Meet (видео платформа)


Курсот ќе се одржува 2 пати неделно, за време на работен ден од 18-21 часот.

За повеќе информации

Едноставно контактирајте не.

АПЛИЦИРАЈ

Salesforce сега е 7-та ИТ вештина со најголема побарувачка на работни места низ целиот свет. Сега е одлично време да научите Salesforce и да ја насочите својата кариерата кон облаците.