#STAYHOMEANDLEARN

ОНЛАЈН

Интензивен курс за Salesforce администратор

Датум: 1 септември 2020 до 15 октомври 2020

Имаш 18-29 години?

Искористи го ваучерот до 30.000 денари за Salesforce сертифицирање!

Изучи една од моментално најбараните и најплатените технологии во ИТ индустријата!

Запознај ja Salesforce платформата и нејзините иновации!

powered by codeSTREETS Young Professional Program

#STAYHOMEANDLEARN

ОНЛАЈН

Интензивен курс за Salesforce администратор

Датум: 1 септември 2020 до 15 октомври 2020

Имаш 18-29 години?

Искористи го ваучерот до 30.000 денари за Salesforce сертифицирање!

Изучи една од моментално најбараните и најплатените технологии во ИТ индустријата!

Запознај ja Salesforce платформата и нејзините иновации!

ПРОГРАМА

Станете Salesforce Администратор за 6 недели!

Интензивниот курс за Salesforce Администратор е дел од програмата за млади професионалци организирана од codeSTREETS доо Скопје.

Курсот нуди 6-неделна обука која ќе се изведува во периодот од 1 септември до 15 октомври 2020 година. Курсот содржи комбинација од менторски и практичен дел каде што посетителите ќе ја имаат можноста да стекнат професионални администраторски вештини поврзани со Salesforce еко-системот и ќе бидат обучени да го полагаат Salesforce Admin сертификатот.

Тренинг курсот се состои од 12 блок сесии, 2 сесии неделно по група и една дополнителна сесија, фокусирана на подготовка за сертификацијата која ќе се спроведе на крајот на курсот.

Курсот е лимитиран на 50 учесници, поделени во две групи со настава во два различни термини.

Секоја тема ќе се презентира и разработува на следниот начин, преку:

    • Менторски дел
    • Практичен дел
    • Прашања
    • Домашна задача
    • Тестирање
    • Онлајн консултации

Ќе се разработуваат следниве области, од кои се состојат активностите на Salesforce администраторите, и следствено на тоа областите од кои се полага за Salesforce Admin сертификатот:

1. Организациски нагодувања 1

Нагодувања во делот на информации за компанијата, глобални нагодување на ниво на цела платформа. (фискална година, бизнис часови, менаџирање со валути).

2. Организациски нагодувања 2

Нагодувања на кориснички интерфејси, пребарувачи, листи и Home страна.

3. Кориснички нагодувања

Креирање на корисници, нагодување на лиценци, ресетирање на лозинки, и менаџирање на заклучени корисници. Проблеми при активирање, деактивирање и замрзнување на корисник.

4. Безбедност и пристап

Менаџирање на безбедноста на организацијата преку: IP адреси, OWD, хиерархиски пристап, профили и дозволи за пристап, споделување и групи.

5. Стандардни и прилагодени објекти

Опис на основната архитектура на стандардни и прилагодени објекти, нивната поврзаност и нивно управување. Процес на создавање, бришење и менаџирање на објекти.

6. Апликации за продажба и маркетинг 1

Проблеми и предности при работа со апликацијата за продажба. Дефинирање на ценовници, листи, продукти и користење други алатки.

7. Апликации за продажба и маркетинг 2

Проблеми и предности при работа со апликации за маркетинг кампањи и алатки за автоматизација.

8. Апликации за сервис и поддршка на корисници

Менаџирање со тикети, дефинирање на тикет процеси и алатки (Web- to-case, email-to-case, тикет тимови, база на информации, управување со форум).

9. Управување со податоци

Прикачување, прочистување и изменување на големи количини на податоци, менаџирање и маневрирање со големи количини на податоци во системот.

10. Аналитика, извештаи и табели

Создавање на извештаи и графикони кои нудат аналитички преглед кон напредокот на фирмата. Создавање на табели со графички прикази.

11. Workflows и автоматизација на процеси

Автоматизирање и поедноставување на мануелните и долгите процеси.

12. Десктоп, мобилни апликации, AppExchange

Овозможување на дополнителни апликации и интеграции кон платформата. Инсталирање и управување со апликации од AppExchange.

WHAT WILL YOU LEARN

    • Organization Setup
    • User Setup
    • Security and Access
    • Standard and Custom Objects
    • Sales and Marketing Applications
    • Service and Support Applications
    • Activity Management and Collaboration
    • Data Management
    • Analytics, Reports, and Dashboards
    • Workflows and Process Automation
    • Desktop and Mobile Applications
    • AppExchange
Листа на предавачи планирани да ја држат обуката:

   ●  Дарко Тодоровски, Ментор, Chairman of Salesforce Community in Macedonia

   ●  Моника Лазаревска, Ментор, Certified Salesforce Developer

   ●  Ели Илијоска, Инструктор, Certified Salesforce Consultant

   ●  Александар Цветановски, Инструктор, Certified Salesforce Administrator

Техничко технолошки услови за спроведување на обуката

   ●   Компјутер со стабилна интернет конекција

   ●   Образование или искуство од областа на ИТ е предност, но не е неопходно

   ●   Не е потребно претходно познавање на Salesforce еко-системот

   ●   Сесиите ќе бидат извршувани преку Google Meet (видео платформа)


ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ

Едноставно контактирајте не.

АПЛИЦИРАЈ

Salesforce сега е 7-та ИТ вештина со најголема побарувачка на работни места низ целиот свет. Сега е одлично време да научите Salesforce и да ја насочите својата кариерата кон облаците..