The importance of Customer Success platform as Salesforce for countries in Development
1. Да започнеме со основното прашање... Кој е/што е codeSTREETS?
codeSTREETS е заедничка холандско-македонска компанија, основана од неколку инвеститори и искусни ИТ професионалци.
Нашиот слоган “The Digital Race is ON” го отсликува нашоит став кон новата економија, каде што географските граници стануваат неважни, а користењето на вистинските технологии за да се остане конкурентен на локалниот и глобалниот пазар, е нешто што не може да се занемари.
Во основа, имаме две цели: Првата е да им понудиме на македонските бизниси иновативен систем за менаџирање на односи со клиенти (CRM). Втората, е да ја промовираме македонската ИТ заедница како иден центар за развој на европски CRM системи кои овозможуваат економски исплатливи ИТ алтернативи за европските компании.
2. Дали може да објасните што е систем за менаџирање на односи со клиенти CRM и зошто е неопходен за успехот на македонските компании?
Customer relationship management (CRM) e систем кој ги опфаќа сите интеракции со клиентите. Секоја компанија се стреми да има подобри односи со купувачите, да ги задржи купувачите, до допре до потенцијалните купувачи и на крај, се разбира, да ги намали трошоците и продаде повеќе и да ја зголеми добивкатa. Филозофијата на CRM е едноставна: купувачот, клиентот, добавувачот е на прво место.
CRM системот е напредна алатка кој го олеснува сето ова. CRM системот е напредна алатка кој го олеснува сето ова. Поинаку кажано, системот за менаџирање на односи со клиенти им помага на компаниите да успеат со својот бизнис, да пронајдат нови клиенти, и да ги задржат клиентите или купувачите и потенцијалните клиенти, со технологија која, со софистицирано организирање на информациите, им помага да изградат силни врски со клиентите.
CRM го поттикнува растот на бизнисот, ја подобрува оперативната ефикасност и ја зајакнува пазарната конкурентност за компании од сите големини. Особено е од корист за мали и средни претпријатија, каде често треба да се направи повеќе со помалку. Исто така е задолжителен и за сите компании кои размислуваат или веќе се присутни надвор од релативно малиот македонски пазар.
Продажбата, услуги (или грижа за корисниците) и автоматизиран маркетинг се клучните бизнис способности на CRM системите. Овие услуги што ги нудат CRM системите им овозможуваат на компаниите централно управување со контакт информациите на клиентите и на потенцијалните клиенти, идентификување на можности за продажба, бележење на сервисните налози, управување со маркетинг кампањи, итн. Клучниот збор е централно управување на сите активности. Идејата е од едно место да го контролираш и управуваш сите активности поврзани со клиентите во една компанија.
Користа од CRM системите во голема мера е непозната за македонските бизниси, но многу добро позната во развиените земји. Оттаму, сите разговори со нашите потенцијални клиенти, едноставно започнуваат со презентирање на клучните придобивки од CRM како што е прикажано подолу на сликата.
3. Што е Salesforce и како codeSTREETS е поврзан со Salesforce?
Salesforce е број еден CRM платформа во светот. Salesforce прв ја разви идејата за CRM “во облак” и остана водечки иноватор во доменот на CRM. Денес, Salesforce е четвртата најголема софтверска компанија во светот, која им помага на повеќе од 150.000 компании да растат како никогаш досега.
Извор: Salesforce.com
Ние во codeSTREETS длабоко веруваме во идниот напредок кој произлегува од демократизација на технологијата. Salesforce со својата број еден CRM платформа е основата зад ваквата демократизација. На секоја компанија во светот, без оглед на нејзината големина и локација ù се овозможува пристап до најиновативна CRM технологија.
codeSTREETS е првиот и единствен регистриран партнер на Salesforce во Македонија. Исто така, codeSTREETS е регистриран партнер на организацијата за професионални услуги на Salesforce, што значи дека може да ги нуди своите Salesforce услуги ширум Европа. Последново особено е атрактивно за младите ИТ професионалци од Македонија кои со својот талент може да направат импакт во било кој дел на светот.
4. Кои се CRM производи на Salesforce на кои македонските компании треба да се фокусираат и зошто? Дали македонските компании можат да си ги дозволат ваквите производи?
Македонските компании сè уште не ги познаваат доволно потенцијалите на CRM. На пример, дека CRM платформата на Salesforce им нуди моментален пристап до истите најнови CRM можности кои ги користат и најголемите глобални брендови како што се Coca-Cola, Adidas, итн. Значи, се работи за многу моќна алатка, и компаниите во Македонија полека сфаќаат дека водењето бизнис без CRM им ги зголемува трошоците и ја намалува добивката. Со CRM е обратно. Може да се рече дека CRM претставува двојна добивка.
Она што го препорачуваме на македонските компании е пристап до основните CRM можности, без оглед на тоа дали претходно воопшто не користеле CRM решенија или користат некои со ограничен обем. Ние од codeSTREETS им посочуваме повеќе алатки: Sales Cloud за автоматизирана продажба, Service Cloud за автоматизирана услуга за грижа за корисниците, Pardot за автоматизиран маркетинг и Community Cloud за социјална соработка со клиентите. Salesforce е голем, развиен еко-систем каде што се достапни уште многу други апликации, кои таргетираат специфични индустрии. Уште поважно е дека Salesforce платформата е Mobile ready и лесно се интегрира со кој било вид на постоечки ERP или друг систем.
Сите наши клиенти се позитивно изненадени од прифатливата цена на Salesforce производите. За македонскиот пазар посебно е интересен “Grow-With-Us” моделот, каде што нема потреба од голема почетна инвестиција во софтвер, хардвер и ИТ вработени. Ова е многу важно, особено за малите и средни претпријатија бидејќи можат да започнат со користење на само еден производ на Salesforce.
5. Како codeSTREETS помага на патот на успешност на клиентите
Филозофијата на CRM e “Клиентот е на прво место”.
Првата средба со нашите потенцијални клиенти, започнува со внимателно слушање. Сакаме што подобро да ги запознаеме нивните амбиции и со кои предизвици се соочуваат. Ако заедничкиот увид е дека има простор за подобрување и поедноставување на менаџирањето на односите со нивните клиенти, вклучувајќи ги тука и маркетингот и продажбата, вообичаено почнуваме да ги водиме низ портфолиото на производи на Salesforce.
Последователните разговори се исклучиво насочени кон идентификување можности за создавање бизнис вредности и бизнис способности. Тоа е всушност вистинската моќ на CRM платформата на Salesforce во комбинација со експертизата на codeSTREETS. Разговорот секогаш се води со фокус на подобрување на бизнисот. Технологијата на Salesforce e алатка која му помага на бизнисот а не е цел за себе.
Ели Илијоска Salesforce Consultant at codeSTREETS eli.ilijoska@codestreets.com